Индекс на рационалност 5

Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
22/08/20126633

Петтиот  индекс на рационалност е изработен  за следниве пет видови производи, односно услуги:

    • агенциска провизија за привремени вработувања;
    • ISO 9001 Стандард за квалитет;
    • антифриз;
    • миење возила и
    • негазирана вода.

Изборот на овие производи и услуги е направен бидејќи тоа се често користени производи и услуги од страна на институциите на национално и на локално ниво.

Сепак, со оглед на фактот што, од една страна, методологијата на изработка на индексот подразбира споредба на цени на најмалку пет институции, а од друга страна,  не секогаш се добиваат  бараните  информации од институциите или, пак, кога ќе се добијат, тие не се споредливи, за изработка на индексот за дел од избраните производи и услуги, освен во 2012 година, вклучени се и набавки реализирани во претходните години.