Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија

Центарот за граѓански комуникации на 30 јуни, 2009 ги претстави резултатите од  Мониторингот на медиумското известување за корупција во Македонија(.pdf). Претставник на Центарот, Герман Филков ги претстави резултатите од мониторингот и ја водеше дискусијата со претставниците на најрелевантните македонски медиуми. Освен претставување на резултатите од мониторингот, работилницата со уредниците помогна од неа да произлезат и заеднички препораки за натамошно унапредување на начинот на кој медиумите известуваат за овој многу сериозен проблем, со што ќе се подобри нивната важна улога во борбата против корупцијата во Македонија.
јуни 30, 20095303

 

Препораките кои произлегоа во текот на дискусијата беа сумирани и заедно со резултатите од мониторингот објавени во брошура.

Имајќи ги предвид опфатот и обемот на мониторираниот материјал, може да се рече дека станува збор за единствен од овој вид и досега најопфатен и најдлабочински мониторинг што е спроведен во земјава за начинот на којшто медиумите информираат за корупцијата. Предмет на мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 декември 2008 година во пет дневни весници (Дневник, Утрински весник, Време, Вечер и Факти). Во мониторингот беа вклучени написите кои се однесуваат на корупција, корупциски практики, обвинувања и сомневања за корупција, злоупотреба на јавни средства, како и преземените анти-корупциски мерки, активности и политики.

Оваа активност е овозможена со поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).