Намалување на корупцијата: Размена на искуства и добри практики во истражувачкото новинарство меѓу новинари од Македонија и од Романија (2008-2009)

Во партнерство во Романскиот центар за истражувачко новинарство, 10 новинари од најрелевантните национални и локални медиуми од Македонија се обучени од водечки тренери за истражувачко новинарство од Македонија и Романија за напредните техники на истражувачкото новинарство. Обуката резултираше со разработени идеи за истражувања на конкретни теми.
мај 2, 20127201

По обуката, новинарите престојуваа во романски медиуми каде заедно со свои колеги од Романија работеа на истражувачки приказни кои потоа ги објавија во своите медиуми во Македонија. Проектот резултираше со формирање на мрежа на истражувачки новинари во рамките на Центарот за граѓански комуникации. За време на оваа практична работа новинарите се запознаа со целиот процес на истражување и објавување на приказните, стекнаа нови знаења и разменија искуства со своите романски колеги. По завршување на обуките и на практичната работа, македонските новинари станаа поподготвени за истражување, продуцирање и објавување истражувачки приказни со подлабинско и сеопфатно информирање на граѓаните, како придонес кон засилување на борбата против корупцијата. Проектот е финансиски поддржан од програмата Исток-Исток.