Зошто билтен?

Веќе пет години секојдневно работиме на намалување на просторот за корупција во Македонија и на промовирање на принципите на „доброто владеење“, и на централно и на локално ниво. Фокусирани сме на спроведување на два вида меѓусебно поврзани активности: мониторинг и откривање на корупциски практики и врз основа на тоа препорачување на мерки и политики за намалување на просторот за корупција и унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите во борбата против корупцијата во земјава. Во текот на секојдневното работење, ние и експертите со кои соработуваме доаѓаме до многубројни информации за корупциски и антикорупциски практики кај нас и во земјите од регионот и светот. Со објавувањето на овој месечник за антикорупција и „добро владеење“ сакаме да ги поделиме тие информации со пошироката јавност, пред сè со претставниците на јавната администрација за кои сметаме дека се и најодговорни за борба против корупцијата и за воспоставување и почитување на принципите на „доброто владеење“. Истовремено, нудиме и експертски анализи кои можат да послужат како извори на идеи и примери за подобрување на сегашната состојба со корупцијата во Македонија. Отворени сме и сакаме да ни ги испраќате вашите мислења, идеи и ставови за антикорупциски теми и за практики на „доброто владеење“, но и да ни посочите на коруптивни практики и воопшто на постоење на простор за корупција. Тоа ќе ни послужи како основа за натамошно артикулирање на тие практики и проблеми, но и како помош при спроведување на нашите идни антикорупциски активности. Корупцијата е едно од најголемите зла во Македонија, која ги уназадува развојот и напредокот...
април 1, 20125249

Веќе пет години секојдневно работиме на намалување на просторот за корупција во Македонија и на промовирање на принципите на „доброто владеење“, и на централно и на локално ниво.

Фокусирани сме на спроведување на два вида меѓусебно поврзани активности: мониторинг и откривање на корупциски практики и врз основа на тоа препорачување на мерки и политики за намалување на просторот за корупција и унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите во борбата против корупцијата во земјава.

Во текот на секојдневното работење, ние и експертите со кои соработуваме доаѓаме до многубројни информации за корупциски и антикорупциски практики кај нас и во земјите од регионот и светот.

Со објавувањето на овој месечник за антикорупција и „добро владеење“ сакаме да ги поделиме тие информации со пошироката јавност, пред сè со претставниците на јавната администрација за кои сметаме дека се и најодговорни за борба против корупцијата и за воспоставување и почитување на принципите на „доброто владеење“.

Истовремено, нудиме и експертски анализи кои можат да послужат како извори на идеи и примери за подобрување на сегашната состојба со корупцијата во Македонија.

Отворени сме и сакаме да ни ги испраќате вашите мислења, идеи и ставови за антикорупциски теми и за практики на „доброто владеење“, но и да ни посочите на коруптивни практики и воопшто на постоење на простор за корупција. Тоа ќе ни послужи како основа за натамошно артикулирање на тие практики и проблеми, но и како помош при спроведување на нашите идни антикорупциски активности.

Корупцијата е едно од најголемите зла во Македонија, која ги уназадува развојот и напредокот на економијата, општеството и на луѓето кои живеат во него, ги нарушува конкуренцијата и слободното дејствување на фирмите на пазарот, го оневозможува владеење на вистинските вредности во животот и во работата, ги принудува младите и образовани луѓе да ја напуштаат земјава и овозможува незаконски бенефиции и богатење на државни функционери на сметка на осиромашување на другите луѓе и на уништување и злоупотреба на јавните добра.

Затоа, посочувајќи на корупциските практики и нудејќи идеи, добри примери и решенија од земјава и од странство, сметаме дека овој месечен билтен во крајна линија ќе придонесе за намалување на корупцијата во земјава и за унапредување на „доброто владеење“.

Месечникот се издава во рамки на годишната програма на Центарот за граѓански комуникации, која е
поддржана од Програмата “CIVICA Mobilitas” а имплементирана од Центарот за Институционален Развој
(ЦИРа) и е финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC), претставена од Швајцарската
Канцеларија за Соработка во Македонија, за што сме им искрено благодарни.