Четврти квартален извештај за јавните набавки во 2010 година

Осми квартален извештај (.pdf) КЛУЧНИ НАОДИКритериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи.Во речиси половина од мониторираните постапки понуди доставиле по максимум две фирми со што продолжува трендот на мала конкуренција во значаен дел од тендерите.Користење на несоодветни елементи за оценка на понудите. Бодирањето на понудите според роковите за испорака и за плаќање, како и според елементи кои треба да се користат за оценка на способноста на фирмите, а не на нивните понуди и натаму е критична точка во сферата на јавните набавки.Тендерските спецификации во некои случаи можат да фаворизираат одредени понудувачи. Дел од договорните органи постапуваат спротивно на членот 36 од Законот за јавни набавки и со бараните карактеристики на производите однапред го диктираат епилогот на набавките.Проблемот со поништувањата на тендерите само навидум стивнува. Иако во мониторираниот примерок се забележува намалување на бројот на поништени постапки, сепак расте нивниот број според податоците  од страна на договорните органи.
април 28, 20106478

Осми квартален извештај (.pdf)

КЛУЧНИ НАОДИ

Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи.

Во речиси половина од мониторираните постапки понуди доставиле по максимум две фирми со што продолжува трендот на мала конкуренција во значаен дел од тендерите.

Користење на несоодветни елементи за оценка на понудите. Бодирањето на понудите според роковите за испорака и за плаќање, како и според елементи кои треба да се користат за оценка на способноста на фирмите, а не на нивните понуди и натаму е критична точка во сферата на јавните набавки.

Тендерските спецификации во некои случаи можат да фаворизираат одредени понудувачи. Дел од договорните органи постапуваат спротивно на членот 36 од Законот за јавни набавки и со бараните карактеристики на производите однапред го диктираат епилогот на набавките.

Проблемот со поништувањата на тендерите само навидум стивнува. Иако во мониторираниот примерок се забележува намалување на бројот на поништени постапки, сепак расте нивниот број според податоците  од страна на договорните органи.