Индекс на рационалност 2

Индекс на рационалност 2 Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 1 и 2 Индексот на рационалност за втората група на производи (втор квартален извештај) е изработен врз основа на споредба на цените за набавка на медицински потрошен материјал во секторот здравство. Со цел да се даде што е можно подобар приказ на состојбите во овој сектор, индексот е изготвен за  шест видови на производи и тоа: системи за трансфузија; системи за инфузија; шприцови; вата; платнени фластери и завој калико. Изборот на овие производи е направен како најчесто користен потрошен материјал од страна на сите здравствени домови, болници и клиники. Целта беше да се утврди дали кај овие видови на производи, со оглед на нивната секојдневна употреба и фреквентна набавка, се создадени повоедначени цени меѓу добавувачите или постојат ценовни отстапувања. Цените на производите се обезбедуваа преку пристап до информации од јавен карактер кои беа доставувани до сите договорни органи од областа на здравството, регистрирани во Електронскиот систем за јавни набавки. Facebook
март 2, 20126354

Индекс на рационалност 2

Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 1 и 2

Индексот на рационалност за втората група на производи (втор квартален извештај) е изработен врз основа на споредба на цените за набавка на медицински потрошен материјал во секторот здравство. Со цел да се даде што е можно подобар приказ на состојбите во овој сектор, индексот е изготвен за  шест видови на производи и тоа:

  • системи за трансфузија;
  • системи за инфузија;
  • шприцови;
  • вата;
  • платнени фластери и
  • завој калико.

Изборот на овие производи е направен како најчесто користен потрошен материјал од страна на сите здравствени домови, болници и клиники. Целта беше да се утврди дали кај овие видови на производи, со оглед на нивната секојдневна употреба и фреквентна набавка, се создадени повоедначени цени меѓу добавувачите или постојат ценовни отстапувања. Цените на производите се обезбедуваа преку пристап до информации од јавен карактер кои беа доставувани до сите договорни органи од областа на здравството, регистрирани во Електронскиот систем за јавни набавки.

Facebook