Обука за истражување на јавните набавки за новинари од локалните медиуми

Центарот за граѓански комуникации ја организираше втората обука за единаесет новинари од локалните медиуми од 23 до 25 април 2010, во Охрид, на која тие беа обучени за истражување и известување за јавните набавки особено на локално ниво. Тренери на обуката беа екпертите Вања Михајлова и Дарко Јаневски, кои зборуваа за корупцијата во јавните набавки и користењето на електронскиот систем за јавни набавки за истражување на истата, Сабина Факиќ, тренер од тимот на ЦГК која зборување за тоа каде да се бара корупцијата во јавните набавки и Ана Петрушева, уредник во БИРН, која се осврна на тоа како да се направи добра истражувачка приказна.   http://www.flickr.com/photos/cccenter/sets/72157623831287711/ Со цел зголемување на ефикасноста за пребарување и користење на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки новинарите практично работеа и со помош на тренерите се стекнаа со знаење како да дојдат до потребните информации преку пребарување во електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).На обуката беа презентирани и наодите од мониторингот на јавните набавки на централно ниво кое во текот на 2009 и 2010 го спровува Центарот за граѓански комуникации.Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа и пополнија план за истражување за корупциски теми во јавните набавки кои ќе ги истражуваат и кои ќе бидат објавени во нивните матични медиуми, како и во антикорупцискиот месечник МАК кој го издава Центарот за граѓански комуникации.
мај 7, 20105341

Центарот за граѓански комуникации ја организираше втората обука за единаесет новинари од локалните медиуми од 23 до 25 април 2010, во Охрид, на која тие беа обучени за истражување и известување за јавните набавки особено на локално ниво. Тренери на обуката беа екпертите Вања Михајлова и Дарко Јаневски, кои зборуваа за корупцијата во јавните набавки и користењето на електронскиот систем за јавни набавки за истражување на истата, Сабина Факиќ, тренер од тимот на ЦГК која зборување за тоа каде да се бара корупцијата во јавните набавки и Ана Петрушева, уредник во БИРН, која се осврна на тоа како да се направи добра истражувачка приказна.

 

pic 038

Со цел зголемување на ефикасноста за пребарување и користење на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки новинарите практично работеа и со помош на тренерите се стекнаа со знаење како да дојдат до потребните информации преку пребарување во електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

На обуката беа презентирани и наодите од мониторингот на јавните набавки на централно ниво кое во текот на 2009 и 2010 го спровува Центарот за граѓански комуникации.

Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа и пополнија план за истражување за корупциски теми во јавните набавки кои ќе ги истражуваат и кои ќе бидат објавени во нивните матични медиуми, како и во антикорупцискиот месечник МАК кој го издава Центарот за граѓански комуникации.