Резултати од мониторингот на јавните набавки

СКОПЈЕ, 21 декември 2010 – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави  седмиот квартален извештај (.pdf) со резултатите од мониторинг на јавните набавки на централно и на локално ниво во периодот од јули до септември 2010 година каде се констатираат следниве клучни наоди: Економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале. Оваа погрешна примена на Законот за јавни набавки го зголемува сомнежот на компаниите за нерегуларности. Трендот на намалувања на конкуренцијата во постапките за јавни набавки продолжува. Во дури 47,5% од мониторираните тендери во овој квартал, понуди доставиле само една или две компании. Поништени се 22,5% од мониторираните постапки. Од 2008 до 2010 година за 2 ипол пати е зголемен уделот на поништени тендери во вкупно спроведените. Дел од договорните органи не го почитуваат новововедениот законски рок за донесување одлука за избор на најповолна понуда. Договорните органи нема да успеат да го исполнат законски предвидениот минимум за годинава – за 30% од набавките да спроведат електронска аукција, како ефикасен механизам за заштеда на јавните пари. Заклучно со септември, со електронска аукција завршиле само 11,6 % од објавените огласи за јавни набавки. Трендот на пораст на договорите склучени без објавување оглас продолжува. Во овој квартал, преку непосредни договори се потрошија 574 милиони денари (9,3 милиони евра), што е за 14% повеќе од истиот период минатата година. Продолжува зачестеното користење на елементот ,рок на плаќање‘, што ги принудува фирмите да нудат рокови на наплата на фактурите од договорите за јавни набавки и до 300 дена....
декември 21, 20105682

СКОПЈЕ, 21 декември 2010 – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави  седмиот квартален извештај (.pdf) со резултатите од мониторинг на јавните набавки на централно и на локално ниво во периодот од јули до септември 2010 година каде се констатираат следниве клучни наоди:

  • Економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале. Оваа погрешна примена на Законот за јавни набавки го зголемува сомнежот на компаниите за нерегуларности.
  • Трендот на намалувања на конкуренцијата во постапките за јавни набавки продолжува. Во дури 47,5% од мониторираните тендери во овој квартал, понуди доставиле само една или две компании.
  • Поништени се 22,5% од мониторираните постапки. Од 2008 до 2010 година за 2 ипол пати е зголемен уделот на поништени тендери во вкупно спроведените.
  • Дел од договорните органи не го почитуваат новововедениот законски рок за донесување одлука за избор на најповолна понуда.
  • Договорните органи нема да успеат да го исполнат законски предвидениот минимум за годинава – за 30% од набавките да спроведат електронска аукција, како ефикасен механизам за заштеда на јавните пари. Заклучно со септември, со електронска аукција завршиле само 11,6 % од објавените огласи за јавни набавки.
  • Трендот на пораст на договорите склучени без објавување оглас продолжува. Во овој квартал, преку непосредни договори се потрошија 574 милиони денари (9,3 милиони евра), што е за 14% повеќе од истиот период минатата година.
  • Продолжува зачестеното користење на елементот ,рок на плаќање‘, што ги принудува фирмите да нудат рокови на наплата на фактурите од договорите за јавни набавки и до 300 дена.

Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости, како и споредбени прикази за начинот на којшто две важни прашања од јавните набавки се регулирани во земјите од регионот – правото на увид во документите од јавните набавки и паричните санкции за прекршоците поврзани со јавните набавки.