Резултати од мониторингот на јавните набавки и индекс на рационалност во трошењето јавни пари

СКОПЈЕ, 10 март 2011 – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави осмиот редовен квартален извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки за периодот од октомври до декември 2010 година. Истовремено, Центарот го објави и  т.н. индекс на рационалност во трошењето јавни пари, како целосно нов инструмент кој треба да им помогне на државните институции да постигнуваат пониски цени при јавните набавки и подомаќински да ги трошат јавните пари. При мониторингот на јавните набавки (.pdf) во последното тримесечје од 2010 година се констатирани следниве клучни забелешки: Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи. Продолжува трендот на мала конкуренција во значаен дел од тендерите. Се користат несоодветни елементи за оценка на понудите. Тендерските спецификации во некои случаи можат да фаворизираат одредени понудувачи. Расте вредноста на непосредните спогодби без објавување на оглас. Расте транспарентноста на институциите. Доминантен дел од институциите го почитуваат законскиот рок за донесување одлука за избор на најповолна понуда. Институциите и натаму не доставуваат до фирмите детални известувања за донесените одлуки за избор. Се намалуваат барањата за плаќање надомест за подигнување на тендерска документација. Расте бројот на уважените жалби на фирмите од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости.Кај индексот на рационалност(.pdf) се споредени цените, односно вредноста по кои различни институции набавуваат ист вид производи или услуги (зимско одржување на улици и патишта, индустриска сол, масло за греење, новогодишно украсување и хартија за фотокопирање). Значајните...
март 10, 20115560

СКОПЈЕ, 10 март 2011 – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави осмиот редовен квартален извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки за периодот од октомври до декември 2010 година. Истовремено, Центарот го објави и  т.н. индекс на рационалност во трошењето јавни пари, како целосно нов инструмент кој треба да им помогне на државните институции да постигнуваат пониски цени при јавните набавки и подомаќински да ги трошат јавните пари.

При мониторингот на јавните набавки (.pdf) во последното тримесечје од 2010 година се констатирани следниве клучни забелешки:

  • Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи.
  • Продолжува трендот на мала конкуренција во значаен дел од тендерите.
  • Се користат несоодветни елементи за оценка на понудите.
  • Тендерските спецификации во некои случаи можат да фаворизираат одредени понудувачи.
  • Расте вредноста на непосредните спогодби без објавување на оглас.
  • Расте транспарентноста на институциите.
  • Доминантен дел од институциите го почитуваат законскиот рок за донесување одлука за избор на најповолна понуда.
  • Институциите и натаму не доставуваат до фирмите детални известувања за донесените одлуки за избор.
  • Се намалуваат барањата за плаќање надомест за подигнување на тендерска документација.
  • Расте бројот на уважените жалби на фирмите од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости.

Кај индексот на рационалност(.pdf) се споредени цените, односно вредноста по кои различни институции набавуваат ист вид производи или услуги (зимско одржување на улици и патишта, индустриска сол, масло за греење, новогодишно украсување и хартија за фотокопирање). Значајните разлики во цените и во условите под кои државните институции ги набавуваат производите и услугите, укажуваат дека државните институции мораат посериозно да настојуваат да ги трошат јавните пари порационално, подетално да го истражуваат пазарот пред да ги објавуваат тендерите, да разменуваат повеќе информации меѓу себе и да избираат пристап при набавките што ќе гарантира подомаќинско трошење на јавните пари.