Јавните набавки на општините – од 2 до 400 евра по жител

СКОПЈЕ, 17 јули, 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во шестмесечниот период од октомври 2012 до март 2013 година. Споредбената анализа на јавните набавки на општините покажува огромни разлики меѓу општините не само според вкупниот износ на пари што се трошат преку јавните набавки, туку и според потрошените пари за јавни набавки по жител, кои се движат од 2 евра во Шуто Оризари до 400 евра во Центар. Инаку, редовниот мониторинг ги покажа следниве констатации: - Одредени пропусти, забелешки или нелогичности во спроведувањето на јавните набавки се регистрирани во значаен дел од мониторираните постапки на локално ниво. - Во повеќе од половина од мониторираните постапки за јавни набавки на локално ниво се бара од фирмите да исполнуваат одредени поспецифични услови за да можат да учествуваат на тендерите со што се ограничува конкуренцијата. - Иако законски задолжителна, е-аукцијата се одржала само во 53% од мониторираните постапки за јавни набавки. Доминантна причина за неодржување на е-аукцијата е тоа што имало само еден или ниту еден понудувач. - Поништувањето на постапките за јавни набавки на локално ниво се задржува на 15%, исто како и во претходното полугодие. Една третина од поништените постапки од мониторираниот примерок на локално ниво се поништени поради тоа што не била поднесена ниту една понуда. Извештајот е достапен тука. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
јули 17, 20136846

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:


Проектот на УСАИД за граѓанско општество е 2,5 годишен проект финансиран од УСАИД и спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на труд. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук страната www.facebook.com/USAIDMacedonia.