Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр. 4: Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки

Транспарентноста и натаму е еден од главните проблеми во јавните набавки во земјава. Има државни институции кои не ги објавуваат или ги објавуваат со задоцнување податоците за тендерите, за чиешто објавување се обврзани со Законот за јавните набавки, како и такви кои не ги доставуваат податоците како одговор на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер на што, пак, се обврзани според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
17/10/20147639

Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки

Откако најниската цена се воведе како единствен критериум за доделување на јавните набавки, а електронската аукција е задолжителна за сите тендери, бројни се примерите на тендери во кои се постигнуваат толку ниски цени што едноставно е неверојатно дека фирмата што го добила тендерот ќе го реализира целосно, со бараниот квалитет и количини како што е наведено во договорот. Оттука и барањата на самите договорни органи да се размисли за воведување на заштитен механизам од многу ниските цени со кои се загрозува квалитетот на набавката.