Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки

СКОПЈЕ, 17 октомври, 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2013 до март 2014 година кој ги покажа следниве констатации: - Oткако најниската цена се воведе како единствен критериум за доделување на јавните набавки, а електронската аукција е задолжителна за сите тендери, бројни се примерите на тендери во кои се постигнуваат толку ниски цени со што се доведува до прашање квалитетот на реализацијата на договорот. - Транспарентноста и натаму е еден од главните проблеми во јавните набавки во земјава. Некои државни институции не ги објавуваат или ги објавуваат со задоцнување податоците за склучените договори за јавни набавки, а други, пак, не ги доставуваат податоците како одговор на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер. - Само неколку месеци пред стапувањето на сила на законските одредби (октомври до декември 2013) со кои објавувањето на тендерската документација стана задолжително (од јануари 2014), а поставувањето услови за учество на тендерите – отежнато и казниво (од мај 2014), во 45% од мониторираните тендери не се објавила тендерската документација, а во дури 60% се поставени високи услови за учество на фирмите на тендерот. - Поништувањето на тендерите не престанува да претставува проблем во јавните набавки. И во овој мониториран период процентот на поништени тендери се движи околу, веќе просечните за тендерите на локално ниво, 15%. - Рокот за донесување одлука за избор се почитува, но се одолжува потпишувањето на договорите. Извештајот е достапен овде. За...
октомври 17, 20147105

СКОПЈЕ, 17 октомври, 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2013 до март 2014 година кој ги покажа следниве констатации:

– Oткако најниската цена се воведе како единствен критериум за доделување на јавните набавки, а електронската аукција е задолжителна за сите тендери, бројни се примерите на тендери во кои се постигнуваат толку ниски цени со што се доведува до прашање квалитетот на реализацијата на договорот.

Транспарентноста и натаму е еден од главните проблеми во јавните набавки во земјава. Некои државни институции не ги објавуваат или ги објавуваат со задоцнување податоците за склучените договори за јавни набавки, а други, пак, не ги доставуваат податоците како одговор на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Само неколку месеци пред стапувањето на сила на законските одредби (октомври до декември 2013) со кои објавувањето на тендерската документација стана задолжително (од јануари 2014), а поставувањето услови за учество на тендерите – отежнато и казниво (од мај 2014), во 45% од мониторираните тендери не се објавила тендерската документација, а во дури 60% се поставени високи услови за учество на фирмите на тендерот.

Поништувањето на тендерите не престанува да претставува проблем во јавните набавки. И во овој мониториран период процентот на поништени тендери се движи околу, веќе просечните за тендерите на локално ниво, 15%.

Рокот за донесување одлука за избор се почитува, но се одолжува потпишувањето на договорите.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на труд. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук страната www.facebook.com/USAIDMacedonia.