Резултати од мониторингот на јавните набавки и од индексот на рационалност во трошењето јавни пари

СКОПЈЕ, 29 септември 2011 – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јануари до јуни 2011 година. Истовремено, Центарот го објави и т.н. индекс на рационалност во трошењето јавни пари, како целосно нов инструмент кој ги споредува цените по кои различни државни институции купуваат исти производи и услуги. При мониторингот на јавните набавки во првото полугодие од 2011 година ( прв (.pdf) и втор дел (.pdf) ), меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки: Се заострува проблемот со поништувањето на постапките за јавни набавки; Критериумите за квалификување на фирмите за учество на тендерите се злоупотребуваат за ограничување на конкуренцијата; Двојно е зголемена вредноста на договорите склучени без објавување оглас која во вториот квартал од 2011 година изнесува 12,3 мил. евра; Отсуствува прецизно дефинирање на елементот „квалитет“ во изборот на најповолна понуда на тендерите со што остава простор за субјективно доделување на бодови; Намален е уделот на усвоени жалби од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости. Истражувањето спроведено меѓу 345 фирми за нивното искуство од учеството на постапките за јавни набавки покажува дека главни проблеми со кои се соочуваат се: нејасно изработена тендерска документација и техничка спецификација, лошо избрани критериуми за доделување на договорите за јавни набавки и проблеми во наплата на побарувањата од државните институции.Кај индексот на рационалност (.pdf) се споредени цените, односно вредноста по кои различни институции од областа на здравството набавуваат...
ноември 29, 20115495

СКОПЈЕ, 29 септември 2011 – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јануари до јуни 2011 година. Истовремено, Центарот го објави и т.н. индекс на рационалност во трошењето јавни пари, како целосно нов инструмент кој ги споредува цените по кои различни државни институции купуваат исти производи и услуги.

При мониторингот на јавните набавки во првото полугодие од 2011 година ( прв (.pdf) и втор дел (.pdf) ), меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки:

  • Се заострува проблемот со поништувањето на постапките за јавни набавки;
  • Критериумите за квалификување на фирмите за учество на тендерите се злоупотребуваат за ограничување на конкуренцијата;
  • Двојно е зголемена вредноста на договорите склучени без објавување оглас која во вториот квартал од 2011 година изнесува 12,3 мил. евра;
  • Отсуствува прецизно дефинирање на елементот „квалитет“ во изборот на најповолна понуда на тендерите со што остава простор за субјективно доделување на бодови;
  • Намален е уделот на усвоени жалби од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости.

Истражувањето спроведено меѓу 345 фирми за нивното искуство од учеството на постапките за јавни набавки покажува дека главни проблеми со кои се соочуваат се: нејасно изработена тендерска документација и техничка спецификација, лошо избрани критериуми за доделување на договорите за јавни набавки и проблеми во наплата на побарувањата од државните институции.

Кај индексот на рационалност (.pdf) се споредени цените, односно вредноста по кои различни институции од областа на здравството набавуваат ист вид производи (системи за инфузија, системи за трансфузија, платнени фластери, шприцови, вата и завои). Разликите меѓу највисоката и најниската цена кои се движат од 22% до 440% укажуваат дека државните институции мораат порационално да ги трошат јавните пари преку подетално истражување на пазарот пред да ги објавуваат тендерите, меѓусебна размена на повеќе информации и избор на соодветни постапки за јавни набавки што ќе го овозможат тоа.