Резултати од мониторингот на јавните набавки (трет квартал 2011)

СКОПЈЕ, 31 јануари 2012 – Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јули до септември 2011 година. При мониторингот на јавните набавки во третото тромесечје од 2011 година, меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки:  
јануари 31, 20126581

 

 

  • Во постапките за јавни набавки евидентиран е значаен проблем околу начинот на евалуација на понудите на фирмите, особено во делот на критериумите  за избор на најповолна понуда.
  • Проблемот со малата конкуренција на тендерите се продлабочува. 35% од мониторираните постапки за јавни набавки се со една или ниту една понуда од фирмите. Доколку кон оваа се додадат и тендерите во кои имало само 2 понуди, малата конкуренција е евидентирана во дури 52,5% од вкупно мониторираните постапки.
  • Големиот број на поништувања на тендерите остануваат болна точка на системот на јавни набавки. Во третиот квартал од 2011 година донесени се одлуки за поништување на 444 тендери што значи на 26,57% од вкупно спроведените постапки за јавни набавки во тој период.
  • Вредноста на договорите склучени со преговарање без објавување на оглас во третиот квартал до 2011 година изнесува 7,5 милиони евра што е за 8,5% помалку од истиот период претходната година. Сепак, и со ова благо намалување во третиот квартал вредноста на директно склучените договори во деветте месеци од 2011 година од 29,2 милиони евра претставуваат рекордно високо ниво во изминатите три години.
  • Е-аукција во третиот квартал е користена во 46,26% од постапките, што е под законски предвидениот цензус од 70% од бројот на објавени огласи за јавни набавки.
  • Дел од институциите не ги почитуват законските рокови за донесување одлука и за известување за склучен договор, со што учесниците се држат во неизвесност, а пошироката јавност е лишена од можноста да добие навремена информација.

Извештајот од мониторингот на јавните набавки можете да го преземете овде , а достапен е и во делот на Извештаи. За повеќе информации ве молиме контактирајте нè на center@ccc.org.mk или на (02) 3213-513.