Рангирање на институциите според антикорупциските перформаси во јавните набавки

Вредноста на јавните набавки во Република Северна Македонија учествува во Буџетот на државата со 24 %, а во бруто домашниот производ со 8 %. Јавните набавки, чија вредност на годишно ниво надминува 1 милијарда евра, се особено подложни на корупција. За намалување на можностите за корупција во оваа сфера, потребно е да се преземат дополнителни напори, како на системско, така и на институционално ниво.
03/07/20241390

Рангирање на институциите според антикорупциските перформанси во јавните набавки

На системско ниво потребно е јакнење на антикорупциските напори на сите надлежни институции и органи за откривање и санкционирање на корупцијата, и тоа почнувајќи од Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки, преку Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот завод за ревизија, до Државната комисија за спречување на корупцијата и до правосудството. На институционално ниво, пак, потребно е на мерлив и одржлив начин да се проценува способноста на самите институции да ја спречуваат корупцијата при спроведувањето на јавните набавки. Институциите ја имаат примарната одговорност за законито спроведување на тендерите и за ефективно и ефикасно трошење на јавните пари преку постапките за јавни набавки.