Предложени мерки за стеснување на просторот за корупција во јавните претпријатија и установи

На втората работилница во организација на Центарот за граѓански комуникации се предлагаа мерки за стеснување на просторот за корупцијата во јавните претпријатија и установи. Домашни стручњаци, претставници на надлежните институции и претставници од бизнис секторот на 4 јули ги изнесоа своите сознанија и ставови за спречување на корупцијата во овој сегмент, кој беше детектиран како еден од најранливите во Република Македонија.Предлог-мерки и експертско мислење изнесоа Вања Михајлова, антикорупциски експерт и поранешен член на Државната комисија за спречување на корупцијата, професорот од Правниот факултет, д-р Борче Давитковски и професорот од Економскиот факултет, д-р Љубомир Кекеновски.
јуни 13, 20086163

Од Сојузот на стопански комори на Македонија, Весна Гогова, од Државниот завод за ревизија Бранислав Гулев, од Министерството за финансии Весна Крпачовска, од весникот Дневник Ида Протуѓер,  претставник од Стопанската комора на Македонија беше Славица Богоева, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Мирјана Димовска, претставник од Сојузот на синдикати на Македонија беше Драги Јовановски.

Учесниците ги поддржаа напорите на ЦГК за намалување на корупцијата во јавните претпријатија и установи и притоа оценија дека корупцијата во оваа област е на високо ниво. Присутните истакнаа дека предложените мерки ќе придонесат за нејзино намалување и затоа треба да се се спроведат што поскор