Прв квартален извештај за јавните набавки во 2011 година

Прв квартален извештај за јавните набавки во 2011 Отпечатената верзија на извештајот може да се најде тука: 9 квартален извештај Анализата на процесот на јавни набавки во РМ се прави врз основа на мониторинг на случајно избрани постапки за јавни набавки (по 40 на секое тримесечје). Мониторингот започнува од објавите на повиците во „Службен весник“, преку присуство на јавните отворања, до собирање податоци за текот на постапката преку длабински интервјуа и структурирани прашалници кои им се доставуваат на економските оператори, како и од податоците собрани од договорните органи преку барања за пристап до информации од јавен карактер.Анализата во овој извештај е направена врз основа на мониторинг на избран примерок од 40 постапки на договорни органи на централно ниво, чиешто јавно отворање на понудите се одвиваше во периодот од јануари до март 2011 година.Во секој квартален период, заедно со извештајот и наодите од мониторингот на постапките за јавни набавки, аналитички се обработуваат и други прашања поврзани со јавните набавки. Така, дел од овој квартален извештај се и резултатите од анкетата за искуството во јавните набавки во која учествуваа 345 фирми, а беше спроведена во истиот квартал, поточно во февруари 2011 година.
јануари 29, 20116759

Прв квартален извештај за јавните набавки во 2011

Отпечатената верзија на извештајот може да се најде тука: 9 квартален извештај

Анализата на процесот на јавни набавки во РМ се прави врз основа на мониторинг на случајно избрани постапки за јавни набавки (по 40 на секое тримесечје). Мониторингот започнува од објавите на повиците во „Службен весник“, преку присуство на јавните отворања, до собирање податоци за текот на постапката преку длабински интервјуа и структурирани прашалници кои им се доставуваат на економските оператори, како и од податоците собрани од договорните органи преку барања за пристап до информации од јавен карактер.

Анализата во овој извештај е направена врз основа на мониторинг на избран примерок од 40 постапки на договорни органи на централно ниво, чиешто јавно отворање на понудите се одвиваше во периодот од јануари до март 2011 година.

Во секој квартален период, заедно со извештајот и наодите од мониторингот на постапките за јавни набавки, аналитички се обработуваат и други прашања поврзани со јавните набавки. Така, дел од овој квартален извештај се и резултатите од анкетата за искуството во јавните набавки во која учествуваа 345 фирми, а беше спроведена во истиот квартал, поточно во февруари 2011 година.