Прва квартална анализа на јавните набавки

Првата квартална анализа на спроведувањето на јавните набавки во РМ беше објавена на 26 февруари 2009 година. Центарот за граѓански комуникации го набљудува процесот на јавните набавки во четири квартали, и тоа во период од ноември 2008 до ноември 2009, и на крајот од секој ќе излезе со анализа за истиот. Целта на анализата е да оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.
февруари 26, 20095191

Извештаите и препораките од оваа квартална анализа, Центарот ги достави до засегнатите надлежни органи и до сите други заинтересирани организации и институции.

Центарот им благодари на Бирото за јавни набавки за изразената поддршка за спроведување на овој проект, до сите договорни органи и економски оператори кои учествуваа во мониторингот, како и до ФИООМ за финансиската поддршка на проектот.

Имајќи предвид дека дел од договорните органи и од економските оператори сепак не изразија подготвеност да учествуваат во мониторингот, ЦГК укажува на потребата од поголема транспарентност и кај органите и кај деловните субјекти со цел да се намалат просторот и сомнежот за постоење на корупција во јавните набавки во РМ.

 

Комплетната анализа може да се преземе тука.