Опаѓа и онака малата конкуренција кај локалните тендери

СКОПЈЕ, 31 декември, 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2014 година до март 2015 година кој ги покажа следниве констатации: - Ниската конкуренција кај тендерите на локално ниво и натаму се намалува, и покрај серијата законски измени коишто требаше да влијаат во спротивна насока и да го зголемат бројот на учесници во постапките за јавни набавки. На мониторираните тендери имаше просечно по 2,4 понудувачи, а 57% од тендерите имаа ниедна или само една понуда. - Иако е законски задолжителна за сите тендери, е-аукција имало само во 53% од мониторираните постапки. Ниската конкуренција на тендерите и ’најниската цена‘ како единствен критериум само ќе го заоструваат проблемот со неодржувањето на електронските аукции, на кои би требало да се намалуваат првобитно понудените цени. - Процентот на поништување на мониторираните тендери се задржува на високо ниво од 20%, што е пораст во однос на претходните една до две години, кога изнесуваше околу 15%. И натаму главна причина за поништувањето останува да биде тоа што понудувачите понудиле понеповолни цени од оние што ги очекувал или ги планирал договорниот орган. - Несоодветноста на ’најниската цена‘ како единствен критериум за доделување на договорот е најголем проблем со кој се соочуваат фирмите на тендерите на локално ниво. Повеќе од половината од анкетираните фирми се соочуваат со задоцнета наплата во јавните набавки. Извештајот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или...
декември 31, 20157268

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.