Обука за истражување и известување за корупција

flickr_albumid=[72157622903417819] Дванаесет новинари од македонските национални печатени и електронски медиуми од 16 до 18 октомври 2009 година, во Охрид, учествуваа на тренингот за истражување и известување за корупцијата кој се спроведе во рамките на проектот за „Зајакнување на улогата на медиумите во борба против корупцијата“. Преку интерактивни презентации и дискусија тренерите од ЦГК, Сабина Факиќ и Герман Филков, зборуваа за областите кои се најранливи на корупција во Македонија, за методите за истражување на корупцијата, фазите и чекорите во истражувањето и начинот на известување за корупција. Меѓу темите на обуката, посебно внимание се посвети на наоѓањето извори и докази за коруптивните активности, како и одржувањето на тие извори. Најмногу прашања до експертите, Никола Тупанчески, професор по кривично право и Вања Михајлова, антикорупциски експерт се однесуваа за начинот на известување и објавување на сознанијата за корупција без притоа да се изложат на опасноста од судење. Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа за корупциски теми кои ќе ги истражуваат во нивната секојдневна работа. Истражувачките приказни кои ќе бидат објавени во медиуми ќе бидат објавени и на страницата на Центарот во делот Мрежа на новинари истражувачи. Оваа активност беше овозможена со поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).
октомври 19, 20095478

flickr_albumid=[72157622903417819]

Дванаесет новинари од македонските национални печатени и електронски медиуми од 16 до 18 октомври 2009 година, во Охрид, учествуваа на тренингот за истражување и известување за корупцијата кој се спроведе во рамките на проектот за „Зајакнување на улогата на медиумите во борба против корупцијата“.

Преку интерактивни презентации и дискусија тренерите од ЦГК, Сабина Факиќ и Герман Филков, зборуваа за областите кои се најранливи на корупција во Македонија, за методите за истражување на корупцијата, фазите и чекорите во истражувањето и начинот на известување за корупција. Меѓу темите на обуката, посебно внимание се посвети на наоѓањето извори и докази за коруптивните активности, како и одржувањето на тие извори.

Најмногу прашања до експертите, Никола Тупанчески, професор по кривично право и Вања Михајлова, антикорупциски експерт се однесуваа за начинот на известување и објавување на сознанијата за корупција без притоа да се изложат на опасноста од судење.

Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа за корупциски теми кои ќе ги истражуваат во нивната секојдневна работа. Истражувачките приказни кои ќе бидат објавени во медиуми ќе бидат објавени и на страницата на Центарот во делот Мрежа на новинари истражувачи.

Оваа активност беше овозможена со поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).