Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија (.pdf)Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 декември 2008 година во пет дневни весници (Дневник, Вечер, Време, Утрински весник и Факти*). Предмет на анализа во рамките на овој проект се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен весник.Во мониторингот беа вклучени написите кои се однесуваат на корупција, корупциски практики, обвинувања и сомничења за корупција, злоупотреба на јавни средства, како и преземените анти-корупциски мерки, активности и политики. Мониторингот се спроведе во периодот јануари-мај 2009 година. Објавените написи и нивната содржина, меѓудругото, се анализираа од следниве аспекти: Страница на која е објавен текстот; Големина на текстот; Најава на текстот на насловната страница; Илустрации на текстот; Автор на текстот; Жанровска припадност на текстот; Број, статус, официјалност и локација на изворите во текстот; Фер и балансиран пристап; Повод за написот; Областа во која е примерот на корупција; Актот на корупција; Поседување на документи и докази за потврда на тврдењето за корупција, Припадност на актерот на корупција (сегашна или поранешна власт). Имајќи ги предвид опфатот, обемот и начинот на мониторирање, станува збор за единствен од овој вид и досега најопфатен и најдлабочински мониторинг што е спроведен во земјава кој нуди релевантни квантитативни и квалитативни показатели за начинот на кој медиумите информираат за корупцијата. Facebook
март 1, 20126710

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија (.pdf)

Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 декември 2008 година во пет дневни весници (Дневник, Вечер, Време, Утрински весник и Факти*). Предмет на анализа во рамките на овој проект се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен весник.

Во мониторингот беа вклучени написите кои се однесуваат на корупција, корупциски практики, обвинувања и сомничења за корупција, злоупотреба на јавни средства, како и преземените анти-корупциски мерки, активности и политики. Мониторингот се спроведе во периодот јануари-мај 2009 година. Објавените написи и нивната содржина, меѓудругото, се анализираа од следниве аспекти:

  • Страница на која е објавен текстот;
  • Големина на текстот;
  • Најава на текстот на насловната страница;
  • Илустрации на текстот;
  • Автор на текстот;
  • Жанровска припадност на текстот;
  • Број, статус, официјалност и локација на изворите во текстот;
  • Фер и балансиран пристап;
  • Повод за написот;
  • Областа во која е примерот на корупција;
  • Актот на корупција;
  • Поседување на документи и докази за потврда на тврдењето за корупција,
  • Припадност на актерот на корупција (сегашна или поранешна власт).

Имајќи ги предвид опфатот, обемот и начинот на мониторирање, станува збор за единствен од овој вид и досега најопфатен и најдлабочински мониторинг што е спроведен во земјава кој нуди релевантни квантитативни и квалитативни показатели за начинот на кој медиумите информираат за корупцијата.

Facebook