Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините

Предмет на анализа се јавните набавки на акционерските друштва и на јавните претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Овие 37 претпријатија1 во текот на 2019 година склучиле 3.342 договори за јавни набавки, во вкупна вредност од 15,2 милијарди денари, односно 247 милиони евра.
06/10/20202952

Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините

Предмет на мониторинг беа тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 % од вкупните јавни набавки на земјата. Констатирани се ризици од корупција манифестирани преку чести и значајни измени на плановите за јавни набавки, како и преку ниската реализација на плановите. Кај 16 од 37 претпријатија, реализацијата на плановите за јавни набавки е пониска од 50 %. Ова говори за несоодветна проценка на потребите и го зголемува ризикот од влијание на надворешни актери врз одлуките на службените лица што ќе се набавува, што создава можност за неформални договори.