МАК шести број

ВО ОВОЈ БРОЈ Само два месеци откако на овие страници го читавте ексклузивното интервју со водечкиот регионален антикорупционер, првиот човек на словенечката комисија за спречување на корупцијата и претседавач со ГРЕКО, Драго Кос, во овој број со гордост ви претставуваме уште едно ексклузивно интервју. Професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман, само преку Месечникот за антикорупција порачува што треба да преземе една влада за да може да се нарече антикорупциска. Д-р Роуз-Ејкерман, која особено ја проучува врската меѓу корупцијата и економскиот развој и има богато искуство од посткомунистичките земји, порачува формирање сојузништво меѓу невладиниот сектор, бизнисмените, административците и политичарите во борбата со корупцијата. Ова лето се случи уште еден многу важен настан во светската борба против корупцијата. Групата земји Г-20  ја стави корупцијата на агендата на својот последен самит во Канада и формираше работна група која ќе се бори со ова зло. Во соседството, истражување на агенцијата „Галуп“ покажува дека дури 90 отсто од испитаниците сметаат оти бизнис-климата длабоко потонала во корупција, а 80 отсто веруваат дека судството е едно од главните упоришта на корупцијата. Во нашата редовна анализа, се осврнуваме на улогата на пријавувачите (whistleblowers) во откривањето на корупцијата и на организираниот криминал. Додека кај нас овој инструмент речиси и да не функционира, тој особено се користи во САД и во развиените азиски земји. Се смета дека две работи се клучни за функционирање на пријавувањето: институциите навистина да преземат нешто откако ќе дознаат за корупцијата и да му понудат сериозна заштита на добронамерниот поткажувач. Од Македонија,...
април 1, 20127287

ВО ОВОЈ БРОЈ

Само два месеци откако на овие страници го читавте ексклузивното интервју со водечкиот регионален антикорупционер, првиот човек на словенечката комисија за спречување на корупцијата и претседавач со ГРЕКО, Драго Кос, во овој број со гордост ви претставуваме уште едно ексклузивно интервју. Професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман, само преку Месечникот за антикорупција порачува што треба да преземе една влада за да може да се нарече антикорупциска. Д-р Роуз-Ејкерман, која особено ја проучува врската меѓу корупцијата и економскиот развој и има богато искуство од посткомунистичките земји, порачува формирање сојузништво меѓу невладиниот сектор, бизнисмените, административците и политичарите во борбата со корупцијата.

Ова лето се случи уште еден многу важен настан во светската борба против корупцијата. Групата земји Г-20  ја стави корупцијата на агендата на својот последен самит во Канада и формираше работна група која ќе се бори со ова зло.

Во соседството, истражување на агенцијата „Галуп“ покажува дека дури 90 отсто од испитаниците сметаат оти бизнис-климата длабоко потонала во корупција, а 80 отсто веруваат дека судството е едно од главните упоришта на корупцијата.

Во нашата редовна анализа, се осврнуваме на улогата на пријавувачите (whistleblowers) во откривањето на корупцијата и на организираниот криминал. Додека кај нас овој инструмент речиси и да не функционира, тој особено се користи во САД и во развиените азиски земји. Се смета дека две работи се клучни за функционирање на пријавувањето: институциите навистина да преземат нешто откако ќе дознаат за корупцијата и да му понудат сериозна заштита на добронамерниот поткажувач.

Од Македонија, во овој број, новинарски осврт на измените во Законот за јавните набавки, особено на одредбите кои предизвикаа најмногу реакции во домашната јавност – можноста договорните органи да го одложат плаќањето за јавните набавки на неодредено време.

На крајот ги објавуваме резултатите од обемната анкета што ја спроведовме меѓу претставниците од одделите за јавни набавки на 138 фирми за нивното искуство и за проблемите со кои се соочуваат во процесот на јавни набавки. За повеќе од половина од фирмите, главен проблем во јавните набавки е нејасно изработената тендерска документација и техничка спецификација. Високи 43 отсто од фирмите се жалат на проблемот со наплатата на побарувањата од државните институции за веќе испорачаните добра и извршените работи. Имајќи предвид дека законските измени им овозможуваат на државните органи натамошно одложување на плаќањата, се очекува продлабочување на овој проблем во иднина.

Се надеваме дека и со овие содржини придонесуваме за поголемо разбирање и за применување на принципите на доброто владеење и намалување на злоупотребите кои произлегуваат од нечесно и противзаконско работење.

Воедно, уште еднаш ви благодариме за пополнетите анкетни прашалници за унапредување на овој месечник, кои и натаму стигнуваат на нашата адреса а кои ни даваат дополнителен поттик за уште посодржајни изданија во иднина.

Месечник за антикорупција МАК број 6