МАК единаесетти број

Поранешен министер за одбрана и пратеник на владејачката партија во Хрватска и поранешен потпретседател на САД се под истрага за корупција, едниот за наводна нелегална јавна набавка, а другиот за давање поткуп на нигериски државјанин за бизнис со природен гас. Во исто време, хрватскиот претседател одликуваше неколкумина храбри граѓани кои биле подготвени да ги ризикуваат своите животи во борбата против корупцијата и организираниот криминал.Во Бугарија, пак, спротивна состојба. Анализата на новинарката Борјана Џамбазова укажува дека поради невнимателната работа на полицијата и поради стравот на судиите од луѓето кои ги судат – многу луѓе судени за криминал и корупција излегуваат слободни. Поради тоа, заклучува анализата, антикорупциската кампања на Бугарија падна на суд.Во минатиот број од месечникот ги пренесовме оценките на Европската комисија за антикорупциската политика и за јавните набавки во Македонија, на кои Унијата укажа во последниот Извештај за напредокот на земјава на патот кон полноправно членство во ЕУ. Во овој број, нашата постојана соработничка и една од најистакнатите антикорупциски експерти во земјава, Вања Михајлова, прави споредба на оценките на Европската комисија по овие прашања за останатите земји од Западниот Балкан.Оценките за нивото на корупцијата и мерките коишто се преземаат за нејзино намалување се неповолни за сите земји. Корупцијата сè уште претставува рак-рана за овој регион. Генерална констатација е дека корупцијата сè уште постои на високо ниво и дека властите не покажуваат вистинска политичка волја за нејзино уништување, иако одделни земји покажуваат подобри резултати, особено во процесирањето на коруптивните случаи на високо ниво. Бројни слабости, нетранспарентност и несоодветна примена на легислативата се констатирани и во областа...
април 1, 20127418

Поранешен министер за одбрана и пратеник на владејачката партија во Хрватска и поранешен потпретседател на САД се под истрага за корупција, едниот за наводна нелегална јавна набавка, а другиот за давање поткуп на нигериски државјанин за бизнис со природен гас. Во исто време, хрватскиот претседател одликуваше неколкумина храбри граѓани кои биле подготвени да ги ризикуваат своите животи во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Во Бугарија, пак, спротивна состојба. Анализата на новинарката Борјана Џамбазова укажува дека поради невнимателната работа на полицијата и поради стравот на судиите од луѓето кои ги судат – многу луѓе судени за криминал и корупција излегуваат слободни. Поради тоа, заклучува анализата, антикорупциската кампања на Бугарија падна на суд.

Во минатиот број од месечникот ги пренесовме оценките на Европската комисија за антикорупциската политика и за јавните набавки во Македонија, на кои Унијата укажа во последниот Извештај за напредокот на земјава на патот кон полноправно членство во ЕУ. Во овој број, нашата постојана соработничка и една од најистакнатите антикорупциски експерти во земјава, Вања Михајлова, прави споредба на оценките на Европската комисија по овие прашања за останатите земји од Западниот Балкан.

Оценките за нивото на корупцијата и мерките коишто се преземаат за нејзино намалување се неповолни за сите земји. Корупцијата сè уште претставува рак-рана за овој регион. Генерална констатација е дека корупцијата сè уште постои на високо ниво и дека властите не покажуваат вистинска политичка волја за нејзино уништување, иако одделни земји покажуваат подобри резултати, особено во процесирањето на коруптивните случаи на високо ниво. Бројни слабости, нетранспарентност и несоодветна примена на легислативата се констатирани и во областа на јавните набавки.

Во продолжение, се осврнуваме на еден многу важен проблем во сферата на јавните набавки кај нас – достапност на документите за јавни набавки. Дали тие може да се направат јавно достапни? Ако може, тогаш кој, кога и што може да добие? Дали податоците и документите може да се добијат само на увид или документот, сеедно дали во оригинал или како фотокопија, може да им биде даден на заинтересираните страни? Овие и други прашања поврзани со оваа проблематика ги анализира експертот за јавни набавки, Дарко Јаневски.

Тој заклучува дека – доколку одреден понудувач бара увид во документите кои се составен дел од понудите на конкурентите, може и треба да му биде овозможен таквиот увид.

И со овој број од месечникот се надеваме дека допираме теми од значење во вашата работа, кои ќе ве поттикнат на размислување и на делување во насока на поголема транспарентност и одговорност во работењето.

Месечник за антикорупција МАК број 11