Истражување на износите на паушалите на општинските советници
Годишните трошоци за исплата на надоместоците на советниците на единиците на локалната самоуправа во земјава изнесуваат над 215 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра. Ова го покажува анализата на податоците за 2019 година, добиени од општините и Градот Скопје, за висината на месечните надоместоци на советниците и бројот на одржани седници. Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319.