Општините наплатуваат годишно данок на имот од граѓаните и од фирмите по 1,3 милијарди денари или 21 милион евра. Ова е просек за 2017, 2018 и 2019 година. Просечниот процент на наплата на данокот на имот во овие години изнесувал 81 %. Значително поголем дел од наплатениот данок, односно 70 % доаѓа од граѓаните, а останатиот дел од 30 % се наплаќа од фирмите. Односно, од граѓаните, годишно, за данок на имот се прибираат просечно по 910 милиони денари, односно 14,8 милиони евра. Наспроти ова, од правните лица се прибираат по 382 милиони денари, односно 6,2 милиони евра.