Низ мониторираниот примерок има бројни примери што го покажуваат апсурдот на барање потврди од производители во земјата и во странство дека ги произведуваат стоките што се сака да се купат преку јавните набавки. Спротивно, кога договорните органи сакаат да предвидат критериуми за учество, задолжително прават истражување на пазарот, кое им успеало во сите случаи, само за да не бараат согласност од Советот.
Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр.9: Истражувањето на пазарот за техничките карактеристики на производите е невозможна мисија
Истражувањето на пазарот, кое сите договорни органи треба да го прават за да докажат дека во земјата и во странство има доволен број производители на стоките што сакаат да ги купат, е речиси невозможно да се спроведе.
07/02/201720565