Целта на овие истражувања беше да се детектираат областите што се најмногу погодени од енергетската и финансиската криза во 2022 година, односно сегментите каде што се направени најголемите кратења на буџетите (трошоците) за да можат да се покријат зголемените трошоци (плаќања) како резултат на кризите. Поконкретно, да се детектира како буџетските трошења на државата и на општините за 2022 год., кои се менуваа под влијание на економската криза (инфлација, стагнација и енергетска криза), се одразуваат врз граѓаните, преку мапирање на сегментите каде што има најголеми слабости и предлагање мерки што треба да овозможат трошењата да бидат во најдобар интерес на граѓаните.
Истражувањата можат да се преземат со притискање на сликите или на следните линкови на македонски, албански и англиски јазик:
Истражување на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните (МК) (ALB) (EN)
Истражување на последиците од зголемените буџетски трошоци на општините од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните (МК) (ALB) (EN)
Проектот „Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.