Индекс на рационалност 4

Индекс на рационалност 4 Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 3 и 4 Четвртиот индекс на рационалност е изработен за следните пет видови производи, односно услуги:- веб-страница;- огревно дрво;- бехатон-плочки;- здравствен преглед по вработен и- противпожарна заштита.Станува збор за производи и услуги што често се набавуваат од страна на институциите, што овозможува индексот да се изработи низ споредба на набавните цени од поголем број на договорни органи, на национално и на локално ниво.Во изработката на овој индекс, обезбедени се податоци за цените и вредност на договорите на 84 институции во земјата. Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки.Целта е, низ изработка на индексите на овие пет видови производи, односно услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените, да се нотираат слаби точки во трошењето на јавните пари, но и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи, односно услуги.
мај 8, 20126225

Индекс на рационалност 4

Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 3 и 4

Четвртиот индекс на рационалност е изработен за следните пет видови производи, односно услуги:
– веб-страница;
– огревно дрво;
– бехатон-плочки;
– здравствен преглед по вработен и
– противпожарна заштита.

Станува збор за производи и услуги што често се набавуваат од страна на институциите, што овозможува индексот да се изработи низ споредба на набавните цени од поголем број на договорни органи, на национално и на локално ниво.
Во изработката на овој индекс, обезбедени се податоци за цените и вредност на договорите на 84 институции во земјата. Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
Целта е, низ изработка на индексите на овие пет видови производи, односно услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените, да се нотираат слаби точки во трошењето на јавните пари, но и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи, односно услуги.