Индекс на рационалност 20

Дваесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги: - Заловување кучиња, транспорт до прифатилиште или амбуланта и враќање во реонот;- Еднодневен престој на куче во прифатилиште;- Лабораториско испитување на лајшманија;- Стерилизација (кастрација) на машки кучиња и - Стерилизација (овариохистероктомија) на женски кучиња. Во изработката на Индексот на рационалност за овие услуги се вклучени 28 институции на локално ниво кои во текот на 2022 година имале ваков вид на набавка. Целта е, со изработка на индексот на овие пет вида услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.
март 11, 20241185

Дваесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги: – Заловување кучиња, транспорт до прифатилиште или амбуланта и враќање во реонот;
– Еднодневен престој на куче во прифатилиште;
– Лабораториско испитување на лајшманија;
– Стерилизација (кастрација) на машки кучиња и 
– Стерилизација (овариохистероктомија) на женски кучиња.

Во изработката на Индексот на рационалност за овие услуги се вклучени 28 институции на локално ниво кои во текот на 2022 година имале ваков вид на набавка. 
Целта е, со изработка на индексот на овие пет вида услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.