Индекс на активна транспарентност 2017

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2017 година е ниско. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 42,5% (од можни 100%). Степенот на активна транспарентност во 2017 година е намален во однос на 2016 година (кога просечно изнесуваше 45%). Според градацијата на активната транспарентност, најмногу институции, 35%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 3%, во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност. Генерално, општините стојат подобро од министерствата и од Владата според нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 7 места од ранг-листата, а најдоброто министерство се наоѓа на 8.-то место. Сите 3 институции во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност, се општини. Сепак, министерствата имаат значително подобар напредок во 2017 г. од општините. Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност.
јуни 5, 20175474

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2017 година е ниско. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 42,5% (од можни 100%). Степенот на активна транспарентност во 2017 година е намален во однос на 2016 година (кога просечно изнесуваше 45%).

Според градацијата на активната транспарентност, најмногу институции, 35%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 3%, во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност.

Генерално, општините стојат подобро од министерствата и од Владата според нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 7 места од ранг-листата, а најдоброто министерство се наоѓа на 8.-то место. Сите 3 институции во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност, се општини. Сепак, министерствата имаат значително подобар напредок во 2017 г. од општините.

Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност.