За нас

Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето осумнаесетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции. Во оваа насока, ЦГК досега има изработено и предложено неколку стотини конкретни препораки за преземање мерки за унапредување на регулативата и практиката во насока на потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење на централната и на локалните власти, има обучено повеќе од 250 новинари од националните и од локалните медиуми за истражување и известување за корупција, исто толку претставници на граѓанските организации, а и има објавено и триесеттина истражувања и прирачници. Претставници на ЦГК редовно учествуваат на работилници и во експертски групи за креирање стратегии и мерки за борба против корупцијата и за други прашања од областите на делување на ЦГК. Нашата визија е ЦГК да биде докажан општествен чинител во демократизација на македонското општество, подобро информирање на граѓаните и транспарентно и одговорно владеење. ЦГК делува врз основа на статут на здружението и на Стратегија за работа 2023-2027 година.   ТИМ: Герман Филков претседател, gfilkov@ccc.org.mk Сабина Факиќпрограмска директорка, sfakic@ccc.org.mk   Весна Трајковиќфинансискo-административна координаторка, vtrajkovic@ccc.org.mk Павлинка Стрезоскапроектна координаторка, pmadzevska@ccc.org.mk Елмир Факиќпроектен координатор, efakic@ccc.org.mk Марко...
март 26, 201231745

Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето осумнаесетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции.

Во оваа насока, ЦГК досега има изработено и предложено неколку стотини конкретни препораки за преземање мерки за унапредување на регулативата и практиката во насока на потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење на централната и на локалните власти, има обучено повеќе од 250 новинари од националните и од локалните медиуми за истражување и известување за корупција, исто толку претставници на граѓанските организации, а и има објавено и триесеттина истражувања и прирачници. Претставници на ЦГК редовно учествуваат на работилници и во експертски групи за креирање стратегии и мерки за борба против корупцијата и за други прашања од областите на делување на ЦГК.

Нашата визија е ЦГК да биде докажан општествен чинител во демократизација на македонското општество, подобро информирање на граѓаните и транспарентно и одговорно владеење. ЦГК делува врз основа на статут на здружението и на Стратегија за работа 2023-2027 година.

 

ТИМ:

Герман Филков
претседател, gfilkov@ccc.org.mk


Сабина Факиќ
програмска директорка, sfakic@ccc.org.mk

 


Весна Трајковиќ
финансискo-административна координаторка, vtrajkovic@ccc.org.mk


Павлинка Стрезоска
проектна координаторка, pmadzevska@ccc.org.mk


Елмир Факиќ
проектен координатор, efakic@ccc.org.mk


Марко Митевски
проектен координатор, mmitevski@ccc.org.mk

 


Славица Ќучукова Николова
проектна координаторка, sknikolova@ccc.org.mk