Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во јавниот и приватниот бизнис – сектор (2018-2021)

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.
ноември 22, 20185719

Се очекува, проектот да резултира со следниве резултати:

  1. Идентификувани генератори на корупцијата, ранливите области и активностите подложни на корупција во државните претпријатија;
  2. Креирана алатка за оценка на ризиците од корупција во државните претпријатија;
  3. Препораки за законски измени и репери за добри практики за зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните претпријатија;
  4. Зајакнати капацитети на 150 претставници на приватни бизниси за спречување и борба против корупцијата;
  5. Воспоставен механизам за поддршка, како и алатки за усогласеност и спречување на корупцијата во приватниот бизнис-сектор;
  6. Воспоставено јадро од граѓански организации за застапување кои користат истражување и мониторинг за да ги зајакнат своите активности за намалување на корупцијата во бизнис-секторот и
  7. Воспоставена платформа за јавно-приватен дијалог во борбата против корупцијата.

Проектот го спроведуваат во партнерство Центарот за граѓански комуникации, Конект и Здружението на даночни советници, а е финансиран од Европската унија, во рамките на програмата на ЕУ за поддршкана организациите од граѓанското општество во рамките на Civil Society Facility Action 2016-2017, со број на договор IPA/2017/392-515. Вкупната вредност на проектот е 374.891 евро.