Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните (2023)

Општа цел на акцијата е поефикасно и порационално користење на буџетските средства од страна на Владата и општините со цел тие да одговараат на реалните потреби на граѓаните. Специфичната цел е намалување на негативните ефекти врз животот на граѓаните настанати како резултат на влијанието на финансиската и енергетската криза врз буџетските трошења на државата и на општините.
јануари 25, 20231091

Се очекува проектот да резултира со мапирани сегментите/областите од буџетските трошења каде од аспект на граѓаните се воочени најнеповолни влијанија настанати од финансиската и енергетската криза (здравство, образование, животна средина, инфраструктура, итн.) и на централно и на локално ниво; повеќе информации за граѓаните за импликациите од економската криза врз буџетските трошоци и нивниот квалитет на живот и имаат можност за иницирање промени, како и со зголемување на јавниот притисок за поефикасно и порационално користење на буџетските средства од страна на Владата и општините со цел тие да одговараат на реалните потреби на граѓаните.

Проектот се спроведува во рамките на Програмата Цивика Мобилитас во периодот од 1 јануари до 31 октомври 2023 година. Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).