Дефинирање мерки за намалување на корупцијата во јавните набавки

Домашни експерти и претставници на надлежните институции и бизнис секторот дискутираа за потребните мерки што треба да се преземат за намалување на корупцијата во јавните набавки. Работилницата се одржа на 3 мај оваа година во НВО Инфоцентарот во организација на Центарот за граѓански комуникации од Скопје. Ова е прва од планираните шест работилници што се дел од проектот за предлагање мерки за намалување на корупцијата во Македонија.
мај 13, 20087840

Предлог-мерки и екпертско мислење изнесоа Вања Михајлова, д-р Ванчо Узунов и Живко Темелкоски. Од Сојузот на стопански комори на Македонија учествуваа Петре Филипоски и Александар Белев, од Стопанската комора на Македонија,  Славица Богоева, од Државниот завод за ревизија Марина Величковска и Саша Јаковчевски, Ариф Муса од Државна комисија за спречување на корупцијата, Верица Јорданова од бизнис порталот Тотал, а од Бирото за јавни набавки Марија Попова Јовановска и Емил Јанчевски.

Учесниците ги поддржаа заложбите на ЦГК за намалување на корупцијата во јавните набавки, оценувајќи дека корупцијата во оваа област е на загрижувачко ниво и дека предложените мерки ќе придонесат за нејзино намалување и затоа треба да се се спроведат што поскоро.

Мерките за стеснување на просторот за корупција во јавните набавки може да ги преземете овде или во делот извештаи.