Високи разлики во цените по кои институциите купуваат исти производи и услуги

СКОПЈЕ, 15 декември 2011 – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави редовниот индекс на рационалност за нова група од пет производи, односно услуги: писмен превод од македонски на англиски јазик; клима-уреди; физичко обезбедување; лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила. Во изработката на индексот се вклучени цените по кои овие производи, односно услуги се купуваат од страна на околу 50 институции на национално и локално ниво.
декември 15, 20115792

Констатирани се значајни разлики во цените кои го доведуваат во прашање рационалното и домаќинско трошење на јавните пари.
Во набавката на преведувачките услуги од македонски на англиски јазик највисоката цена е за 167% повисока од најниската цена која за истата услуга ја плаќа друга државна институција.
Во однос на клима-уредите со јачина од 3,5 KW највисока цена е за 90% проценти повисока од најниската цена постигната во јавните набавки вклучени во индексот.
Во набавката на физичко обезбедување највисоката цена која се плаќа за 1 час физичко обезбедување е дури за 400% повисока од најниската евидентирана цена.
Највисоката цена за лаптоп-компјутери со процесор Intel Core i3 е за 98% повисока од најниската цена, додека компјутерите со процесор Intel Core i5 се купени по цени кои се за 101% повисоки од најниската цена.
Кај ГПС уредите за возила највисоката цена која е платена за нив е за 158% повисока од најниската цена евидентирана во индексот.
Дел од констатираните разлики во цените можат да се оправдаат со набавените количини или со применетите постапки за јавни набавки, но кај значаен дел констатираните ценовни разлики немаат економска оправданост.

Разликите меѓу највисоката и најниската цена кои се движат од 90% до 400% укажуваат дека државните институции мораат порационално да ги трошат јавните пари преку подетално истражување на пазарот пред да ги објавуваат тендерите, меѓусебна размена на повеќе информации и избор на соодветни постапки за јавни набавки што ќе го овозможат тоа.

Истражувањето можете да се преземе на овој линк.