Balkan Tender Watch е регионална антикорупциска коалиција на граѓански организации формирана во 2012 година околу идејата за стеснување на просторот за корупција во јавните набавки преку:
• идентификување точки во циклусот на јавни набавки кои се ранливи на корупција;
• разоткривање на коруптивни практики во мониторираните постапки за јавни набавки;
• предлагање и застапување за решенија кои ќе придонесат за намалување на корупцијата во јавните набавки во Западен Балкан.
Сегашни членки на Коалицијата се Центар за граѓански комуникации – ЦГК (Северна Македонија), Мрежа за афирмација на НВО секторот – МАНС (Црна Гора), Центар за применети европски студии – CPES (Србија), Агенција за развој на претпријатија – ЕДА (Босна и Херцеговина), Движење ФОЛ (Косово) и Центар Республика (Албанија).
Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Фондација за отворено општество – Македонија.