База на податоци: Сите автомобили на Владата и општините

Денеска, 18 октомври 2018 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци: Сите автомобили на Владата и општините. Оваа база содржи 15.870 поединечни податоци за возилата на сите министерства и општини: марка и модел на возилото, кога е произведено, кога е набавено и набавната вредност. Базата открива дека министерствата и општините поседуваат 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра. И централната и локалната власт најмногу возат Шкоди, Фолксваген и Форд. Сепак, сите пет најскапи возила се Мерцедеси купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра). Центарот за граѓански комуникации ги обезбеди изворните податоци преку барања за пристап до јавни информации доставени до 97 институции. Беа потребни повеќе од три месеци само да се приберат информациите што говори за ниското ниво на отчетност и воопшто на прецизна евиденција за имотот со којшто се располага. Обработените податоци се направени достапни во отворен формат за натамошна употреба. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е...
октомври 18, 20181321

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

 

Центар за граѓански комуникации е антикорупциска невладина организација која повеќе од една декада спроведува мониторинг на јавните трошења. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.ccc.org.mk и http://javninabavki.opendata.mk/2017.

 

Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива во вредност од 9,4 милиони долари кој се стреми да го зајакне капацитетот на граѓанските организации (ГО) и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење како и да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Овој проект го спроведува Ист Вест Менаџмент Институт, во партнерство со четири локални ГО: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи, Фондација Отворено општество – Македонија и Националниот младински совет на Македонија.  Повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија побарајте на https://www.usaid.gov/macedonia и фејсбук страницата http://www.facebook.com/USAIDMacedonia и на Проектот на УСАИД за граѓанско учество www.cep.mk и фејсбук страницата  https://www.facebook.com/CEPMacedonia/.