Анализа на резултатите од истражувањето на финансиските трансфери од општините до невладините организации во 2016 година

Општините и Градот Скопје во 2016 година исплатиле вкупно 273 милиони денари, односно 4,4 милиони евра од буџетската линија 463 - трансфери до невладини организации, што претставува 80% од планираните средства за оваа намена.
27/04/20175910

Со ова истражување се мапираат карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, се утврдува нивото на транспарентност и отчетност на општините, се детектираат проблемите и слабостите во процесот и се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики.

Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите. До базата на отворени податоци од истражувањето може да се оди преку следниот линк.