Во проектот се опфатени 13 општини од источна и западна Македонија и од скопскиот регион. Откако се детектираат слабостите преку длабочинско истражување на актуелните практики во општините, се изработуваат серија препораки за преземање конкретни мерки за унапредување на работењето и се врши размена на најдобрите практики меѓу општините. Проектот се спроведува во партнерство со невладините организации НВО Инфоцентар од Скопје и ЕХО од Штип, а финаниски е поддржан од Програмата за развојни грантови на УСАИД Македонија.
Проект за транспарентно владеење (2009-2012)
Проектот развива механизми за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалните самоуправи во Македонија, поттикнување на поголемо учество на граѓаните и на локалната бизнис заедница во процесот на одлучување во локалните самоуправи и размена на најдобри практики и искуства меѓу опшините како во земјава, така и во регионот. Проектните активности придонесуваат кон намалување на нивото на корупција во локалните заедници и кон засилување на довербата на граѓаните и бизнис претставниците во локалните власти.
мај 4, 20121539